Богдановиќ: Доколку општината во ДУП-от ги отфрли објектите од Скопје 2014, ќе им се направи услуга на инвеститорите на овие објекти

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во емисијата „Топ тема“ изјави доколку општината во ДУП-от ги отфрли спорните објекти од проектот Скопје 2014, за кои се отворени повеќе постапки поврзани со јавно-обвинителски истраги и има судски одлуки, посочувајќи го како пример проектот „Шпански скали”, тогаш ќе им направи само услуга на инвеститорите на овие објекти, кои веќе платиле одредени комуналии, кои потоа ќе можат да ја тужат државата.

Советничката во Општина Центар, Јана Белчева- Андреевска изјави дека сите објекти од „Скопје 2014“ што ги гледаме на терен стојат и во новиот план за „Мал ринг“,

„Се она што го гледаме на терен од „Скопје 2014 во планот стои.  Градоначалникот објаснува дека ги поништил одобренијата, но во планот објектите стојат и за нив никаде не е опишано дека за нив се води постапка, дека има правно дејствие и било што друго. Заради тоа спорев и мислам дека овој план заслужува друга мобилизација, а не формално донесување во чекорите како што се предвидени за донесување на ДУП-от“, изјави Белчева.

Слични содржини