Богдановиќ го потпиша договорот за јавна набавка, ќе се реконструираат три улици во Општина Центар

од Andreja Salpe

Општина Центар во наредниот период планира реконструкција на три сервисни улици, согласно планот и динамиката за работа.

Градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за јавна набавка и со тоа се отпочна процедурата за реконструкција и обновување на општинските улици: „Хусеин Бајрам“, „164“, и „166“ во населбата Крњево; а во наредниот период ќе се реконструира и по еден крак од улицата „Тасино Чешмиче“ и од булеварот „11 Октомври“.

Активностите поврзани со реконструкцијата на уличната мрежа ќе придонесат кон намалување на сообраќајниот метеж во општината, ќе ја зголемат безбедноста на учесниците во сообраќајот и по подолго време, ќе обезбедат квалитетни услови за одвивање на сообраќајот и движење на пешаците и велосипедистите.

Реконструкцијата ќе опфати изградба на нова водоводна, феклна и атмосферска канализација, реконструкција на коловозот и обновување на зеленилото, урбаната опрема и уличното осветлување.

Досега, со редовните активности на Секторот за уредување на градежно земјиште реконструирани се вкупно 23 улици на територија на Општина Центар.

Слични содржини