Богдановиќ и рускиот амбасадор положија цвеќе пред спомен-обележјето на Јуриј Гагарин

од Nikola Popovski

На денешен ден се одбележуваат 60 години од првото полетување на човекот во вселената. По тој повод, заедно со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин, положивме цвеќиња пред спомен-обележјето на Јуриј Гагарин и го одбележавме Меѓународниот ден на космонаутиката, објави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

„На 12 април 1961 година Јуриј Гагарин првпат полетал во вселената со вселенски брод „Восток – 1“, трасирајќи го патот на човештвото во вселената и постигнувајќи огромен придонес за понатамошен развој на цивилизацијата. Нека е честит овој значаен ден и секогаш нека не’ потсетува на победата и храброста на Јуриј Гагарин, првиот космонаут во светот“, стои во неговата објава на социјалните мрежи.

Русија денеска одбележува 60 години од првиот лет во вселената со човечки екипаж кој го изврши советскиот астронаут Јуриј Гагарин и со тоа го означи почетокот на новата ера на истражувања во вселената.

12-ти април во Русија се одбележува како Ден на астронаутите.

Слични содржини