Богдановиќ: Има неколку решенија на кои ќе работиме во следните 2 недели врзани за локацијата кај Холидеј Ин

Во своето гостување во Клик Плус, вечерва, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ посочи дека во овие две недели, општината ќе направи се што е во нејзина моќ во однос на спорниот проект кај Холидеј Ин.

„Не е спорно да се вратат парите. Во овие две недели ќе отвориме постапки.Но, решение може да биде Министерство за транспорт и врски, кое може да потпише суспензија на елаборатот, но и ДКСК со поведување на одредени постапки. Ние не бегаме од одговорност, но притисокот треба да се пренасочи и кон другите одговорни инситуции“, посочи Богдановиќ.

Слични содржини