Богдановиќ: Ќе се отвори постапка за вештачење по утврдените пропусти во последната реконструкција на улицата „9-ти Мај“

од Берта Китинска

По започнувањето  на градежните активности на улицата „9-ти Мај“, утврдени се недостатоци произлезени од последната реконструкција, изведена во 2009-та година, соопшти денеска градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.


-Според проектот за реконструкција изготвен во 2007-ма, дебелината на слојот требала да биде 9 см, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 см.
Недомаќинското и неодговорно работење во Центар е одамна минато и сакам да информирам дека општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење, вели Богдановиќ.

Слични содржини