Богдановиќ на прес конференција ќе зборува за последните случувања со катната гаража на „Никофон“

од Aleksandar Todeski

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес конференција ќе зборува за последните случувања со барокната катна гаража која „Никофон“, за која тој како градоначалник, но и жителите на околните згради сметаат дека не треба да се гради.

Богдановиќ вчера јавно го повика сопственикот на „Никофон“, Никола Настески на преговори со цел да се најде заедничко решение за просторот кој Настески го купи во време кога градоначалник на општина Центар беше Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ. Јавното наддавање наместо со почетна цена од околу 5.000 денари почнало со цена од 1.800 денари, што според градоначалникот Богдановиќ е неисправно и за што општината поднела кривична пријава во Обвинителството.

Настески во изјава за Локално рече дека е ирелевантно која била почетната цена за продажба на земјиштето, туку единствено било важно дека земјиштето се продало по цена од 6.150,00 денари.

За продажбата на ова земјиште и намерата на тој простор да никне барокна катна гаража освен општината, кривична пријава поднесоа и жителите на овој дел уште пред пет години. Нивната кривична беше против ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ и експремиерот Никола Груевски.

Неодлучувањето на обвинителството, кое направи Настески повторно да добие дозвола за градба на катната гаража во средата ги извади граѓаните на протест на паркингот до „Аутомакедонија“, каде е предвидено да се изгради катната гаража. Тие рекоа дека ќе направат се што е во нивна моќ да се спречи изградбата.

Слични содржини