Богдановиќ подели 200 топли оброци за Рамазан Бајрам

од Vladimir Zorba

По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со негови колеги и волонтери од невладината организација „Банка за храна“ поделија 200 топли оброци за жителите кои живеат во населбите Крњево и Маџир маало.

Од општината соопштија дека хуманата акција и донацијата ја спровеле во соработка со економските оператори и други физички и правни лица за жителите на Центар кои живеат во социјален ризик.

„Општина Центар како локална самоуправа продолжува и во наредниот период со обезбедување донации од општествено одговорни компании и хумани поединци, за помош и поддршка на нашите сограѓани од најранливите категории кои живеат на територијата на Центар“, соопштија оттаму.

Слични содржини