Богдановиќ: Преговорите со „Никофон“ се во тек, се надевам на рационално решение во корист на жителите

од Aleksandar Todeski

Преговорите со сопственикот на „Никофон“ се во тек, но уште немаме ништо договорено. Јас верувам дека во интерес на жителите ќе најдеме заеднички јазик, вели во интервју за Ипортал градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Тој додава дека нивното барање како Општина е на тоа место да остане паркинг, но не катна гатажа, туку онаков каков што е во моментот. Ги повика и претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои излегуваа со тврдење дека центата за откуп на земјиштето не била онаква каква што Богдановиќ ја истакна на прес конференција да излезат на дуел и да ги соочат аргументите.

Фото: Борче Поповски

Богдановиќ истакнува дека како општина прават многу во борбата со загадувањето, но и дека проблемот е голем, повеќедецениски и не се одненсува само на Општина Центар. Додава дека тоа е проблем на целата држава и како таков треба да се третира и да му се пристапи со сета сериозност.

„Во интерес на граѓаните и во интерес на општината е да преговараме. Преговорите со сопственикот на катната гаража се во тек, се уште немаме ништо договорено, но цврсто верувам дека на крајот, во интерес пред се на жителите, но и на сите граѓани кои престојуваат или минуваат низ градскиот центар, ќе најдеме заеднички јазик и рационално решение за просторот.Нашиот предлог, во консултација со жителите од околните згради, е на тоа место да си остане паркинг. Сведоци сме секојдневно на реалниот дефицит од паркинг места во Центар и тој простор таму сметаме треба да остане паркинг“, вели тој во интервјуто.

Градоначалникот на Општина Центар додава дека иако преговорите со сопоственикот се во тек, во интерес на општината и граѓаните, убеден сум дека за овој проблем ќе најдеме заеднички јазик и нормално решение.

Целото интервју прочитајте го на Ипортал.мк

Слични содржини