Богдановиќ: Придонесуваме за поздрава животна средина со селектирање и рециклирање на отпадот

од Nikola Popovski

Уште на првиот ден од новата година градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја надополни неговата GreenPay картичка од ЈП ПОЦ на пластикоматите во Општина Центар.

„Да бидеме совесни и пластичните и стаклени амбалажи да ги рециклираме на места означени за таа намена. Со селектирањето и рециклирањето на пластичниот и стаклениот отпад, придонесуваме за поздрава и почиста животна средина и подобри услови за живот во Центар“, објави Богдановиќ.

Во рамки на проектот „И отпадот има вредност“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, поставени се повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации низ општината.

Слични содржини