Богдановиќ: Реконструкција на новиот „Парк на сеќавањето“ во чест на борците од НОВ

Во рамки на сеќавањето за борците кои животот го дадоа во Втората светска војна,во битката против фашистичкиот окупатор, денес беше прмовирана рекоснтрукцијата на „Паркот на сеќавањето“, какошто го нарекоа градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, а кој се наоѓа зад Универзалната сала.

„Денес покрај отпочнување на рекострукцијата, засадуваме и неколку дрва во знак на пријателство помеѓу нашата земја и Руската федерација, но и целта ни е да оставиме спомен на кој младите ќе се сеќаваат за тоа како борците ја дале својата жртва во НОВ“, истакна градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Верувам дека Богдановиќ кажа се. Сакам да потсетам дека денес е многу убав гест, заедно со спомен обележјето, сега да го отвориме и „Паркот на сеќавањето“ во чест на борците од Втората светска бојна. Сите ги паметиме тие времиња, и важно е да направиме чест на оние кои ни ја дадоа слободата и мирниот живот“, посочи и рускиот амбасадор, Баздникин.

Слични содржини