Богдановиќ: Верувам дека се искрени сугестиите на Црвенковски

од Берта Китинска

Верувам во искрените намери на Бранко Црвенковски и неговите критики и сугести и повкот кој го упати во  вчерашното писмо  за  партијата да свика централен одбор, вели  првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

– Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои што сме запознаени, а има и такви за кои не сме запознаени. Треба да оставиме простор и време за да видиме што значи тој договор и на крај секој од нас ќе си го каже својот став. Многу ни е важно сите да знаеме која ни е целта и патот по кој одиме, но исто така е важно да знаеме која е цената што ние како општество треба да ја платиме. Верувам дека се искрени намерите и како сугестија и како критика, со цел да се постигне единство како држава, не само како партија. Само така ќе имаме исчекор во процесот во кој долго време бевме заглавени, вели Богдановиќ.

Слични содржини