Богдановиќ за спомениците: Државата издала дозволи, таа треба да ги поништи

од Nikola Popovski

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ за емисијата „Вин вин“ изјави дека добиле насока од Владата што смета за „Малиот ринг“.

„Носење на ДУП не е само желба на општина Центар. Потребна е јавна анкета и да се слушнат сите мислења. Луѓето во Скопје 2014 бараат и спроведување на правдата, не само рушење на спомениците“, вели Богдановиќ.

Според него, државата ги издала дозволите за градење и таа треба да ги поништи.

„Треба да се одреди правен акт за спомениците, а ние како општина не можеме да покренеме“, соопшти градоначалникот.

Слични содржини