Богдановиќ: Започнуваме со реконструкција на една од најфреквентните улици во градот

од Vladimir Zorba

Започнуваме со реконструкција на една од најфреквентните улици во градот, белегот на Дебар Маало и една од најпознатите улици во Општина Центар, „Орце Николов“, сподели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

„Стеснет коловозен дел, со задржување на двете ленти за возила на улицата. Нов кружен тек, проширени тротоари, каскадно паркирање, дрворедот останува на улицата. Со проектот ги потврдуваме заложбите за зачувување на јавниот простор и се грижиме за безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за сообраќај.

„Почитувајќи ги урбанистичките правила, реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ ќе биде изведена со најсовремени материјали, кои ги исполнуваат сите градежни стандарди“, посочува Богдановиќ.

Слични содржини