Богоев демантира: Фалсификување на меморандум, потпис и печат е кривично дело

од Nikola Popovski

„Фалсификување на меморандум, потпис и печат е кривично дело и барам off.net.mk да ја повлече веста, за да се спречи ширење на лажната вест или да се објави демантот“, објави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев за пишувањата на наведениот портал.

Според него, ова соопштение не е произлезено од Општина Карпош, ниту тој ставил потпис на истото.

„Ова не е начинот на кој општина Карпош комуницира со медиумите и со граѓаните. И тоа најдобро го знаат и медиумските работници, како и сите жители на Карпош“, извести Богоев.

Во текстот стои дека општина Карпош наводно барала да не се пишува на бекатон плочките пред зграда.

 

Слични содржини