Богоев: Напуштена е праксата за бетонизација на урбаното јадро

од Andreja Salpe

Денеска на својот фејсбук профил, градоначалникот на Општина Карпош ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека е против изградбата на паркови. Тој истакна дека јавните површини во Карпош прераснуваат во паркови, наместо истите да се пренаменат за станбено-деловен простор.

,,Напуштена е праксата за бетонизација на урбаното јадро која ја спроведуваа со Јакимовски. Затоа се против Спортско – адреналинскиот парк, проект кој е поддржан со грант од Европската унија. Искрено, нема да ме чуди ако деновиве се одржи и првиот протест во независна Македонија, против изградбата на парк. Факт е дека постапката за давање под закуп на дел од Адреналинскиот парк (High rope) е заради поголема безбедност на граѓаните. Затоа што и самата опрема на адреналинскиот дел бара посебни услови за управување и чување, како и ангажирање на лица со лиценца кои ги исполнуваат сите стандарди и безбедносни мерки за управување со паркот. Оваа постапка е координирана со Светска банка и Европската унија, и за истата постои целосна согласност од овие страни. ” – напиша Богоев

Слични содржини