Богоев: Нов зелен и спортско-рекреативен центар во Карпош 3 (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Започнува изведбата на нова, спортско – рекреативна зона во Карпош 3, во дел од дворот на основното училиште „Лазо Трповски” (потегол долж бул. „Илинден”).

Следува целосна реконструкција на постоечкото игралиште за фудбал, кое ќе биде со намена за фудбал и ракомет.

Зоната ќе добие и ново игралиште за баскет, фитнес дел, детско игралиште, клупи за седење и корпи за отпадоци.

Доминантно ќе биде зеленилото, за кое ќе има посебен систем за наводнување, напиша градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини