Богоев се договорил со Заев: Ќе добие владина функција

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денес на прес-конференција информираше дека актуелниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев ќе биде носител на државна и централна позиција, која како мотив е договорена со претседателот на партијата Зоран Заев.

-СДСМ дава најголема шанса на младите и ги цени младите. Нашата машина е во погон, додаде Николовски.

Претходно беше објавено дека нов кандидат за градоначалник на Карпош ќе биде директорот на Водовод и канализации, Душко Весковски.

Богоев попладнево упати искрени честитки до Весковски и додаде дека уште пред неколку месеци, пред раководството на партијата посочил дека нема амбиција за втор мандат во општината.

-Се договоривме да преземам одговорност во централната власт, но во овој момент се фокусирам на успешно завршување на градоначалничката позиција. Во најголема мера ова е моја лична одлука, иако на анкетите (членство/јавност) бев убедливо прв, со сигурна победа во првиот изборен круг. Зошто оваа одлука? Затоа што иако сум млад, не се водам од таков тип на емоции и еуфорија за изборна победа. Не поаѓам секогаш од себе и знам дека СДСМ ќе нижи уште многу успеси и победи во Карпош. Затоа што сметам дека Карпош е повторно на здрави нозе; финансиски стабилизирана општина; ја вративме довербата во локалната самоуправа; урбанизацијата е во одреден колосек; направивме нови градинки, маалски паркови, ги подобривме условите во основните училишта…, информира Богоев за одлуката на партијата да го кандидира Весковски.

Слични содржини