Богоев: Училиштето не е кафуле во кое доаѓаш и си одиш – тука се стекнуваат нови знаења

од Берта Китинска

Образованието не е како другите сектори. Училиштето не е кафуле во кое доаѓаш и си одиш или маркет од кои ги купуваш потребните продукти и си заминуваш, кажа градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев означувајќи го стартот на новата учебна година.

-Тука се стекнуваат нови знаења, навики, во училишните дворови се раѓаат другарствата кои траат цел живот.Тука се градат новите генерации. Затоа пристапот кон образовната сфера мора да биде поинаков. Да дадеме шанса и да бидеме одговорни.Посакувам среќна и успешна учебна година за сите 736 првачиња, ученици, наставници, родители и административно – технички кадар, вели Богоев.

Слични содржини