Богоев: ВМРО ДПМНЕ и Левица НЕ гласаа ПРОТИВ

од Stefanija Kuzmanovska

После 10 дена протести, десетици млади излажани и приведени, 50тина полицајци повредени, Мицкоски и Апасиев со нивните партии воопшто не гласаа за Европскиот предлог, истакна потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во Фејсбук статус.

„Го поделија и набуцкаа народот и избегаа. Лицемери!“, напиша Богоев.

Од присутните 68 пратеници во собраниската сала, во моментот кога информацијата за францускиот предлог беше ставена на гласање, а откако се исцрпи листата на дискутанти, гласаа сите 68 пратеници.

Претходно, салата ја напуштија пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица.

Инаку, заклучоците кои се усвоени денеска добија извесни промени во текстот.

Слични содржини