Богоевски: Дали Мицкоски најавува дека свесно ќе ги влоши работите доколку не биде по негово?

од Nikola Popovski

Мицкоски не може да подава рака и да нуди помош за значајни проблеми, а истовремено да каже ако не се согласите со мене, тогаш не одговарам за последиците, вели поранешниот пратеник Павле Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Според него, тоа го прави Мицкоски „непресметлив човек“.

-Треба да го скокне делот на подавање на рака. Или сте конструктивен политички играч. Во Македонија сите се засегнати од ковид-пандемијата и енергетската криза. Не можете да глумите одговорност. Што прави тој, најавува дека свесно ќе ги влоши работите, доколку не се игра по негово. Тоа е уцена, држење во заложништво на целата јавност, смета Богоевски.

Слични содржини