Богоевски: Филипче покажа одговорност, малкумина знаат да отстапат кога е потребно

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски смета дека со оставката, министерот за здравство Венко Филипче покажал одговорност.

-Тоа е одговорност, која често и кај многумина во македонската политика ужасно недостасува. Сите си ја сакаат функцијата, но малкумина ја почитуваат доволно за да отстапат кога тоа го бара интегритетот на истата, стои во објавата на Богоевски.

Тој на „хејтерите им порачува дека политичка одговорност и вина се две сосема различни работи“.

-Ама не очекувам дека ќе сфатат – никогаш го немаат почуствувано ниту едното, ниту другото, напиша Богоевски на Фејбук.

Филипче вечерва поднесе оставка од морални причини само два после катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, во кој загинаа 12 пациенти и 2 лица кои биле нивна придружба.

Слични содржини