Богоевски: Катица Јанева земаше пари и работеше во полза на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

„Случајот со Јанева и Боки 13 можеме да го користиме како пример за корупција, ама не можеме да го користиме како неефикасност во справување со корупцијата“, вели аналитичарот Павле Богоевски за емисијата „Само вистина“.

Според него, во експресно време беа процесуирани и беше завршен случајот.

„Сите докази беа изнесени во јавноста. Не сум задоволен од непроверувањето како ефект имале парите дадени од Орце Камчев врз постапките на Јавното обвинителство. Не можете да обвинувате за координација меѓу Јанева и СДСМ кога имате доказ дека таа земала пари и работела во полза на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што Орце Камчев беше и е дел од таа партија“, смета Богоевски.

Слични содржини