Богоевски: Клубот во Битола го урнисува постигнатиот напредок

од Nikola Popovski

Според мене е ниска и дрска провокација. Не е случаен чекор тоа што бугарскиот врв присуствуваше и го поддржа тоа. Важно е дека случајот е дрска провокација. Таа провокација има цел да се извади на виделина нешто што Бугарија може да го користи како алиби за говор на омраза и за антибугаризам во Македонија. Втората цел е да си обезбедат на одлуките на Судот во Стразбур за почитување на правата на Македонците во Бугарија, рече поранешниот пратеник Павле Богоевски за контроверзните настани во Битола.

Според него, бугарските власти целеа Македонија да го забрани отворањето или реакцијата да биде толку остра и силна за да тие после може да го користат тоа дека овде има говор на омраза.

-Ова е чекор што ја урнисува целата соработка и напредок постигнат во последните неколку месеци. Се додека зборувате за надминување на историските прашања, а поддржувате вакви клубови, праќате порака на рововско закопување на позиции кои се веќе утврдени и спорни, вели Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини