Богоевски: Македонците не се сами сопственици на оваа држава

од Nikola Popovski

„Каде пишува во Уставот дека Македонците се сопственици на оваа држава“, го праша Павле Богоевски својот соговорник Филип Петровски во емисијата „Само вистина“.

Според него, образовниот модел до 2016 година направил повеќегодишно гаење на тој менталитет, што довело до многу последици.

„Има многу разлика како гледате на Македонија како своја држава и гледање на Македонија како само своја држава, бидејќи разликата е дека таа не само наша држава“, изјави Богоевски.

За Богоевски, самиот систем ги третира Албанците како граѓани од втор ред во некои средини, а останатите од трет ред.

„Рамковниот договор ја постигна целта, за која беше направен, во воени околности“, изјави Богоевски.

Слични содржини