Богоевски: Нека му каже некој на фирерчето од Велес дека матерјалниот имунитет го штити пратеникот само за зборовите искажани од собраниската говорница

По објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук профил се огласи и екс пратеникот и предводник на Шарената револуција, Павле Богоевски.
Нека му каже некој на фирерчето од Велес дека матерјалниот имунитет го штити пратеникот само за зборовите искажани од собраниската говорница.
Ширењето на расистички и ксенофобичен матерјал (преку компјутерски систем), поттикнувањето на насилство и охрабрувањето на непочитување на мерките за спречување на пандемијата кога се прави надвор од Собранието (преку фб и твитер) ја задржува целата своја кривично правна димензија.
И овој говор како таков, треба да предизвика реакција од органите на прогонот.
Е сега, профата со 10,00 или не го знае ова; или го знае и сака да испровоцира реакција на правосудните органи па да глуми жртва; или пак до толку му имаат удрено лајковите во глава што искрено верува дека е над сите закони во државата.
Вие одлучете што е полошо.

Слични содржини