Богоевски: Пак ќе ве бутнеме, борбата продолжува

од Nikola Popovski

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека ги имаат потребните потписи за ново парламентарно мнозинство, се огласи граѓанскиот активист и поранешен пратеник, Павле Богоевски.

Тој кратко прокоментира дека „борбата продолжува“

-Пак ќе ве бутнеме, (не)драги националистчиња. Борбата продолжува, друштво!!!, стои во објавата.

Христијан Мицкоски објави фотографија, на која може да се види дека кон досега опозицискиот блок се приклучува и Беса, со тројца пратеници.

Слични содржини