Богоевски: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ за правда беше смешен, нереален и обид за замајување на јавноста

од Viktor Jovanov

Маршот на СДСМ беше со цел барање на правда во државата. Законските услови се постигнати, работата останува на обвинителите и судиите да ја продолжат битката. Во спротивно, протестот на ВМРО-ДПМНЕ беше смешен, нереален и обид за замајување на јавноста, изјави граѓанскиот активист Павле Богоевски.

Според мене нема потреба да се мава со боја по институциите. Причината зошто на маршот за правда не бев толку агилен како за време на шарената револуција е тоа што на 27 април во Собранието го изгубив здравјето, вели Богоевски.

Тој во однос на протестот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека не може луѓе против кои се водат кривични предмети, да бараат правда.

Слични содржини