Богоевски: Се’ се сведува на договор помеѓу 4 лица зад затворени врати, затоа не се решение експертска или широка Влада

Во своето гостување во „Топ тема“, поранешниот пратеник во Собранието, Павле Богоевски ги посочи своите анализи врзани за дискусиите околу формирање на евентуална експертска или широка Влада.

„Поради начинот на кој се практикува политиката кај нас, и во експертска влада, политички би биле истите избрани. Дури и од таа дискусија која ја има во парламентот, сепак договорот се сведува на четири лица зад затворени врати, што е доказ дека решение не е ниту широка ниту експертска Влада. А, што се однесува до Бугарија и нивниот пристап е за осуда, но од друга страна треба да го испочитуваме договорот и да останеме на патот кон вредностите“, истакна Богоевски.

Слични содржини