Богоевски: Со легализирање на марихуаната ќе се намали стапката на криминалитет во државата

од Viktor Jovanov

Во истиот момент кога марихуаната нема да биде забранета, ќе се намали заинтересираноста кај граѓаните, а и ќе се намали стапката на криминалитет. Треба да се прекине врската на мафијата со нелегалниот внес на марихуана. Економската страна вели дека се зема таа марихуана со лош квалитет и се става во одгледувалишта со висок стандард од каде ќе произлезе квалитет и ќе се зашитат корисниците, изјави поранешниот пратеник од СДСМ Павле Богоевски во емисијата „Само вистина“ на Канал5 ТВ.

Според Богоевски дебатата за легализација на марихуаната е безпотребно политизиран и безпотребно се одолговлекува.

-Очекувам побрзо решавање на прашањето со легализација на марихуаната. Непотребно е исполитизиран процесот, расправата се сведува на политички компоненти и политичка борба помеѓу премиерот Заев и ВМРО-ДПМНЕ. Тој тип на препукување ја става во сенка дискусијата со аргументи, рече Богоевски.

Слични содржини