Богоевски: Среќен роденден ВМРО, да ви се множат годините во опозиција

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски им го „честиташе“ роденденот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

„Среќен роденден, драго вмро. Да ви се множат годините… во опозиција“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Според најавите, 31-от роденден на партијата ќе се прослави во Охрид, поточно во Античкиот театар.

Најавено е обраќање на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и на Ѓорѓија Сајкоски кој е актуелен генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини