Богоевски: Во 21. век е неприфатливо да разговараме за двајца сведоци за добивање државјанство

Во своето гостување во „Топ тема“, екс пратеникот, Павле Богоевски се осврна и даде кратка анализа на денешната средба помеѓу лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

„За поздравување е одложувањето на пописот, но и тоа што конечно ќе биде одблокирано Собранието, како и смирениот тон и зрелоста која ја покажаа лидерите на двете најголеми политички партии по средбата. Лично не очекувам дека оваа една средба ќе ги доведе во ред комплетно работите во ред, но верувам дека ќе биде патоказ барем одреден период да функционираат работите. Стравувам сепак, дека не очекуваат расправии, но сме под будно око на јавноста и треба да видиме што не очекува во иднина. Што се однесува до законот за државјанство, го делам мислењето дека во 21. век да се докажува тоа со двајца сведоци е неприфатливо. “, истакна Богоевски.

Слични содржини