Богоевски за „Парадата на гордоста”: Љубовта сепак победи

од desk2

Поранешниот пратеник Павле Богоевски кој денеска беше дел од Парадата на гордоста, се огласи на социјалните мрежи и напиша дека љубовта победила.

– Покрај сите пречки и омраза, љубовта сепак победи! Среќен Прајд, друштво. Да нѝ се множат, напиша Богоевски.

На Парадата беа присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржа под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ заедницата заврши во Градскиот парк.

Слични содржини