Богоевски за протерувањето на рускиот дипломат: Мило ми е што стануваме дел од светската игра

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски смета дека протерувањето на рускиот дипломат од земјата е исправна одлука.

„Имаше официјална изјава дека овој проблем нема да влијае на испораката на вакцините. Причината за ова е двојна, иако се презентира во јавноста како единечна. Не смееме да заборавиме дека на светско ниво се игра поголема игра меѓу САД и ЕУ, а од другата страна е Руската федерација. Мило ми е што конечно стануваме дел од играта, бидејќи ова значи јасно заземање на страна и значи лојалност со нашите сојузници од НАТО“, вели Богоевски во гостувањето на емисијата „Само вистина“

Слични содржини