Богоевски: Заев нема да доминира со СДСМ после заминувањето

од Nikola Popovski

Верувам дека е извесно напуштањето на премиерската функција од страна на Заев. Сепак, не се согласувам дека тој ќе доминира со партијата и после заминувањето од неа, смета поранешниот пратеник Павле Богоевски во емисијата „Клик плус“.

Тој го поткрепува ова мислење според фактот дека статутот на партијата не го дозволува тоа.

-Механизмите во СДСМ и фактот дека имаме директни избори на самото членство се механизми за осигурување дека СДСМ ги презема чекорите за да не биде султан партија, вели Богоевски.

Во однос на кандидатурите за лидер на СДСМ, Богоевски вели Димитар Ковачевски и Фросина Ременски им се познати на партијата.

-Ги поминале сите филтри во СДСМ. Паметен лидер треба да каже тоа што верува. Тоа го прави Заев. Поддршката е моментална, вредностите остануваат, посочува поранешниот пратеник од владеачката партија.

Слични содржини