Богојески: Бугари не постојат, Каракачанов по потекло е чист Македонец

На својот фејсбук профил, лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, испрати порака до бугарскиот министер за правда и вицепремиер во Владата, Красимир Каракачанов.
Бугари не постојат, тоа е политички / државен идентитет!
Тие се Македонци или Тракијци или Мизијци!
Во старо време, кога постоела само Бугарија како држава и кога сме имале заедничка Црква, сите сме биле Болгар милет / Болгари (особено школуваните и вработените во Бугарија), но секој знаел од каде доаѓа и што е! Јас знам дека е тешко за драгите пријатели од Бугарија да ја прифатат вистината, дека се пораснати во лаги и манипулации под контрола на болшевиците, но нема како поинаку освен да поминат низ тој процес на осознавање!
Еве на пример господин Красимир Каракачанов , вицепремиер и министер за одбрана во владата на пријателска Бугарија, по потекло е чист Македонец! Тој знае дека не е Бугарин, знае дека неговиот дедо ја напуштил Македонија поради војните и етничкото чистење на Македонците од Егејот, но се срами од тоа дека ја напуштиле Македонија и не останале тука заедно со нас до смрт да се бориме за слободата на “Назависима Македонија”! Тоа прави да се чувствува непријатно и засрамено, па бегајќи од вистината, оформил огромна омраза кон тие кои сме останале да се бориме во Македонија и започнал непотребно да не мрази! Но тоа нема да му помогне да го сокрие срамот на дедите си! Ние за тоа не им се лутиме и одамна им простивме! Време е они сами на себе да си опростат, да се ослободат од товарот на минатото и да започнат да живеат во сегашноста!
Краси брат, стига бе човек!!!

Слични содржини