Богојески: Деветнаесет години Рамковен договор, што понатаму?

од Vladimir Zorba

„Денеска одбележуваме деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој Македонија стави крај на конфликтите и со тоа се отвори едно ново поглавје за земјата. Потписниците се обврзаа на градење и одржување на концептот на мултиетничко општество во кој сите се граѓани на Македонија“, вели првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојески по повод годишнината од договорот.

„Македонски концепт цврсто се залага за Македонија држава на сите граѓани, со граѓанска нација во која сме сите Македонци! Македонија на Македонците. Фер општество преку укинување на секаква форма на позитивна дискриминација, правата на граѓаните се еднакви за секој еден од нас, без разлика на тоа колку проценти сме. Албанците треба да ги имаат сите граѓански права, без разлика дали се над или под 20% од населението. Бадентер во Собрание, но и во општински совети, подеднакво. Индивидуалецот пред колективитетите. Албанското прашање во Македонија е нераскинлив дел од македонското прашање на Балканот!

И покрај сите заложби за општество на сите, албанските политички фактори во државата разочаруваат со последните про-српско-руски позиции. Македонија е вашата татковина! Не заборавајте. Охридскиот договор си го направи своето. Прашањето е како понатаму, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Според него, политичките елити почнувајќи од движечките фактори СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, спроведувањето на одредбите од рамковниот договор ги применуваат само на хартија и за лични и партиски поентирања. За СДСМ, Македонија е земја на повеќе народи, кои имаат право да се пазарат за државни привилегии. Ќе кохабитираат во интересите и ќе градат договорна, консензуална демократија, без разлика на државниот интерес. За ВМРО пак Македонија е на македонскиот народ и на останатите граѓани, но само пред ТВ и на партиските состаноци и во исто време Македонија е на сите народи и најмногу на Албанците – на состаноци кај Ахмети. Македонија е граѓанска држава, на сите граѓани – пред странците. Македонија е на Србите пред Вучиќ, на Бугарите пред Борисов. Математички прецизно. За Левица и Интегра, Охридскиот рамковен договор воопшто и не постои, односно ќе исчезне, како облак на сонце, со една молитва и ќе се замени со вселенска програма, во која Албанците ќе бидат технички персонал на новиот македонско македонски вселенски брод до 2030 година, додава Богојески.

Изборот е на граѓаните дали сакаат нормална држава во која ќе живеат и ќе се почитуваат сите подеднакво. До следната година на 20 години од Договорот, имаме шанса да направиме многу убави нешта за Македонија“, додава тој.

Слични содржини