Богојески ја нуди Шула Мина бесплатно за потребите на здравствениот систем (ФОТО)

Со оглед на кризната состојба која од синоќа е на сила во цела територија во С.Македонија, предводникот на Македонски Концепт, Петар Богојески, на својот фејсбук профил јавно се понуди да помогне.

Имено, Богојески во функција на државата го става целокупниот свој капацитет од 280 кревети кои се во рамки на Adventure Park & Restaurant Woodland, односно популарната Шула Мина, без надоместок за целите и потребите на здравствениот систем.

Слични содржини