Богојески: Македонски концепт подготвува програма за следните избори, кои очекуваме да се случат во 2022 година

од Берта Китинска

Првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојески најавува нова Доктрина, која ќе го замени Граѓанскиот манифест на неговата партија.

– Манифестот е во срцето на Доктрината. Тоа ќе биде базата на новата Изборна Програма за следните Парламентарни избори, кои очекуваме да се случат во 2022 година. Штом започнеме со промоција на новата политичка платформа и партија, ќе испратиме соопштение за Вашиот почитуван медиум.Направивме целосна измена на внатрешната структура, после изборите лани, веќе никогаш нема да постои ништо класично во Македонски Концепт, како кај други партии. Ние сме и ќе останеме уникатно, поинакво политичко движење, кое ќе прерасне во политичка партија. Веќе имаме лидерски совет, тим лидери, а се организираме по професионална припадност на нашите активисти, а не по интереси за вработување, вели Богојески во изјава за „Локално“.

Тој додава дека во фокус на платформата се претприемачите, малите и средни бизнисмени, чесните домаќини, кои со свој труд го хранат семејството, просветните и здравствени работници и пензионерите.

-Како наша идеолошка определба дефинитивно го земавме ФИСКАЛНИОТ КОНЗЕРВАТИВАМ, а политиките кои таа идеологија ги налага, ќе ја кренат на нозе Македонија од економската криза и најважно, значително ќе го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани на Републиката, вели тој.

Слични содржини