Богојески: Македонците постоеле и говореле на својот мајчин македонски јазик уште во 1908 година

од Nikola Popovski

Петар Богојески, промотор на политичката платформа Македонски концепт, на својот официјален Фејсбук профил сподели фотографии од црковен повик – флаер од 31 октомври 1908 во Скрантон, Пенсилванија, преку кој јасно се истакнува фактот дека Македонци постоеле и говореле на својот мајчин македонски јазик уште во 1908 година, одвоено од бугарскиот јазик.

 

Владината архива од Америка ни открива црковен повик со кој се повикуваат сите верници да проследат проповед на Македонецот, доктор Пречесен (титула) Димитрија Илија Вишанов, кој ќе се обрати во неговата македонска народна носија, на МАКЕДОНСКИ И БУГАРСКИ ЈАЗИК (одвоено) и ќе раскажува за македонските и бугарските (одвоено) приказни и традиции, после мисата.

 

“Постоењето на Македонците и македонскиот јазик е резултат на природен процес на ослободување и осознавање за свои и различни од она што го проповедале националните цркви на соседите. Тој процес на т.н. македонски сепаратизам е процес на создавање на модерната македонска нација, не со политичка одлука на некоја си коминтерна во 1945 година, туку по природен пат, како што настанале сите други нации во светот”, вели Петар Богојески.

Имено, Др. Димитрија Вишанов бил роден Македонец (NATIVE Macedonian) во Солун помеѓу 1867-1873, умрел 1935 во Индијана САД, зборувал седум јазици, имал три сина Солун, Борис и Владимир, од кои и денес постои потомство. Бидејќи неговиот татко се погрчил (патријаршиска фамилија), а од друга страна Димитрија не сакал да се побугари (да влезе во Егзархија), преминал во протестанска вера, која му овозможувала да си биде просто Македонец. Без балкански глупости и асимилации. Поради тоа, под закана од двете страни, бил приморан да емигрира во Америка и да живее како слободен Македонец. Ова е крунски доказ за нашето тврдење дека постотоманскиот македонизам го возобновиле Македонците патријаршисти, кои на ист начин како македонските сепаратисти од егзархиските фамилии, се осознале и изјасниле како Македонци кои говорат македонски јазик.

Тие ја создаваат и се колнат на максимата “Македонија на Македонците”, покасно прифатена и преземена од ВМРО и егзархистите.

 

Линк од официјална владина архива на весници

https://www.newspapers.com/image/48288158/

Слични содржини