Богојески: Обидот на Милошоски и Апасиев да направат меѓуетнички судири во Македонија е во интерес на Бугарија и нивните московски ментори!

од Vladimir Zorba

„Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и јазик”, е во интерес само на Бугарија и нивните московски ментори! Всушност таа кампања таму е осмислена и од таму е нарачана!“, пишува промоторот на платформата МакедонскиКонцепт на својот Фејсбук профил.

„Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле! И двата народи бевме предмет на асимилаторски движења во минатото, од страна на истите балкански држави! Македонија е држава на сите нас, па должност на секој Албанец е да ја брани државноста на Македонија, како и на секој Македонец!

Османи може да се оспори како преговарач поради професијата (хирург, а не историчар или експерт по меѓународно право и односи), а не затоа што е Албанец! Јас исто им верувам на секој Албанец или било кој друг од Македонија, дека ќе стои рамо до рамо со Македонците и ќе се бори за слободата и интеграцијата на Македонија во ЕУ!!!

Стоите подалеку од оваа криминална банда, која не работи на заштита на македонски национални интереси, туку во интерес на московските интереси и секако личните лукративни потреби!

Проблемот со Бугарија е лесно решлив, доколку Бугарија излезе од сенката на нивниот газда од Москва и доколку Бугарија се помири со реалноста за постоење на Македонци и македонски јазик! Друг начин не постои!!!

Драги соседи Бугари, знам дека се плашите од тоа, но нема потреба, ние не сме опасност за Бугарија!!! Македонија и Македонецот не е негација за Бугарија и Бугаринот! Нашите две современи нации настанаа во релативно ист историски период, а Македонија како држава релативно покасно од Бугарија! Но тоа не не спречува заедно да соработуваме, не само во НАТО и ЕУ, туку и на регионална и билатерална основа!

И вие Бугарите откажете ги услугите на вакви апаши од Македонија, зашто на овој начин нема да постигнете ништо, само ќе ја зголемите омразата помеѓу Македонците и Бугарите и ќе ја отежните соработката помеѓу Македонија и Бугарија!

Ова ви го кажувам како пријател на Бугарија и човек кој 25 години работи на помирување помеѓу балканските народи, пред се помеѓу Македонците и Бугарите! Вие си знаете!!!“, додава тој.

Слични содржини