Богојески: Очекувам поголеми инциденти во знак на револт кон бугарското вето за влез на Македонија во ЕУ

Секако дека е непримерно да се запали знаме на друга држава, секако дека тоа го осудуваме, но воедно и изразувамe разбирање за револтот кој го чувствуваат нашите граѓани кон јавната дискриминација по етничка основа, што ни ја прави Бугарија. “

Нормално е македонските граѓани да реагираат на насилството, понижувањата, заканите и уцените кои секојдневно доаѓаат не само од обични граѓани, туку и од официјални лица на Бугарија. Очекувам и поголеми инциденти и провокации, во знак на револт кон бугарското вето за влез на Македонија во ЕУ. Често тие ќе бидат нарачани и плаќани од болшевичката банда од Бугарија, со цел вештачки да создадат алиби за нивното недело и злосторство врз Македонија и Македонците”, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Нужно е и воедно е крајно време да дејствуваме во насока на смирување на тензиите. “Особено апелирам до пријателска Бугарија итно да се опамети, да се вразуми и да престане да сее омраза и злоба низ Македонија и низ своите граѓани во Бугарија, туку да се врати на европскиот пат за проширување на ЕУ на Балканот.

Само европеизиран Балкан ќе ги смири тензиите помеѓу сите балкански држави”, истакна Богојески. Богојески ги повика МВР и Владата на СДСМ да престанат со бркање и ловење на македонски граѓани кои “ја обиждале” Бугарија, затоа што тие наши граѓани се жртви, а не џелати.

Дополнително упати јавен повик и до адвокатите во Македонија да им пружат бесплатна правна помош на македонските граѓани кои се борат за своите правдини, а се заловени од разјарени поединци на власта.

Слични содржини