Богојески од Чаршија: Потребна е вистинска помош од државата преку субвенционирање на занаетчиството и занаетчиите

од Vladimir Zorba

Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје. Старата скопска чаршија е срцето на градот. Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата.

За жал, се помалку луѓето го ценат занаетот. Без љубов, нема занает. Бара многу време, многу влог, но обезбедува егзистенција. Одржувањето на вековните занаети на златари, чевлари, ткајачи, кожари, плетачи се на работ на изумирање. Денес вредните занаетчии можеме да ги изброиме на прсти.

„Старата чаршија е најчестата дестинација за странските туристи кои го посетуваат Скопје, како и за локалното население. Потребна е вистинска помош од државата преку субвенционирање на занаетчиството и занаетчиите, како и програми за поттик и поддршка на младите со што ќе се насочат кон изучување и продолжување на традицијата на овие прекрасни занаети. Занаетчиството е потреба на граѓаните, но и придобивка за македонското стопанство”, вели Петар Богојески, носител на листа во ИЕ1 за Македонски концепт.

„Старите мајстори од чаршијата со кои разговаравме денеска посочија дека не им е доволна поддршката што ја добиваа досега како и потребата од квалификуван кадар кој може да ги наследи. Ние од Македонски концепт се бориме да ги насочиме младите кон вистинските вредности на оваа држава, зачувување на чаршијата и нејзините вековни традиции, задржување на младите кадри овде во Македонија, насочување на нивните таленти и нивно дообразување. Занаетчиството е една од тие области на кои ќе посветиме особено внимание. Гласот за број 10 е глас за зачувување на историјата на секој агол од чаршијата и развој на занаетчиската дејност”, додава Богојески.

Слични содржини