Богојески: Омразата на Фејсбук никогаш и никаде не сум ја сретнал во Бугарија

од Vladimir Zorba

„Бугарите ги мразат Македонците! Не е точно! Од проста причина што мноштво “Бугари” таму се Македонци! Но и тие кои не се, не не мразат!“, пишува промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески.

„Има едно племе скапано од околу 1% од населението во БГ, онаа багра на ФБ што шири навреди и омраза против нас! Тие се највеќето одродени Македонци кои живеат по Скопје, Штип, Велес, Битола, Охрид, а со лажни профили си го покажуваат сето скапано вулгарско во себе! Тоа е наш отпад, багра избугарена, што шири омраза помеѓу македонскиот и бугарскиот народ! Исти има и Македонци од БГ кои го “продале кучата”, кои знаат дека се јаничари, па сега лечат фрустрации по ФБ! Идејата ми е да започнеме да ја игнорираме таа багра?!? Да не паѓаме на нивно вулгарно ниво?!? Тие се хранат од нашите одговори!

Поминав многу време и посетив многу места во БГ! Таму народот не не мрази, напротив, Македонец е гордост во БГ! Македонците таму се владеачка каста! Пловдив е еден од најубавите градови на Балкан (имате се од Фичо II Македонски до Бојко I Герберски) полн со Македонци! Не знаете колку питом народ и колку почитуваат и сакаат Македонци! Варна е истото… да не зборувам за Пиринска Македонија! Е софијанци се малку демек поарогантни, нешто како демек „стариве ни скопјани”, ама не мразат Македонци! Јас оваа омраза од ФБ, никогаш, никогаш и никаде не сум ја сретнал во БГ!

Изборите покажаа дека Бугарите не не мразат! Ги казнија сите политичари што плукаа по нас Македонците! Краси и Катеринчето ги закопаа! Тоа не е случајно! Бугарите знаат дека по Македонија плукаат само руски платеници со гнасни рубљи во име на БГ! Знаат дека Катеринчето беше мотивирано да кака по Македонија со кеш од “мак бандит”! Знаат дека Краси има задача да одржува перманентен судир помеѓу МК и БГ! Тој од тоа живее! Затоа ги уништија, народот бугарски ги тргна од функциите! Најдобро е да ја игнорираме оваа багра јаничарска на ФБ и да не им влегуваме во планот за наплата на рубљашите од БГ и МК, така наречени “вулгарски патриоти”! Да си тераме европскиот план, а бугарскиот народ не е против тоа! Напротив, Бугарите имаат почит кон нас Македонците! Сето ова од лично искуство!“, додава тој во својот Фејсбук пост.

Слични содржини