Богојески оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир

Претседателот на УЕФМ и промотор на Македонски концепт Петар Богојески денеска оствари средба со  Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија Амбасадорот, Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за европската перспектива на Македонија во очи на новите предизвици, особено појавата на засилен европесимизам кај младите. Македонија не е сама на патот кон ЕУ. Портите за интеграција се широко отворени, а билатералните проблеми ќе се разрешат во духот на европските вредности е заклучокот од средбата.

УЕФМ е партнер на ЕУ во промоција на можностите за образование на младите во земјите на ЕУ.

Слични содржини