Богојески: Преку нас никогаш нема да се случи регенерирање на груевизмот

од Nikola Popovski

„Инсистирам револуцијата, новото да започе од Скопје, од метрополата, па да ја прелее внатрешноста на земјата, а не обратно, да се задуши метрополата“, изјави Петар Богојески од Македонски концепт за отвореното студио на ТВ 24.

„Во малите места имаме огромна поддршка, но политичките партии се толку моќни да ги контролираат гласачите во малите места, да ги уценуваат, заробуваат. Скопје има најголем капацитет, најслободоумни граѓани да почне новото баш од тука“, вели Богојески.

Според него, излезеноста на овие избори ќе биде под 45 проценти.

„Оние најнезадоволните од СДСМ не сакаат да излезат да гласаат, а оние најнезадоволните од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ги пречкртаат ливчињата. Јас ги повикувам сите нив да излезат масовно и да гласаат за бројот 10, затоа што ние сме единствена опција како да го симнеме СДСМ од власт, но и да не дозволиме обнова на бандитизмот од претходната власт. Преку нас никогаш нема да се случи регенерирање на режимот. Нема да се случи јас од реформатор да станам рестарватор на груевизмот. Најголемата гаранција е кај нас“, тврди Богојески.

Слични содржини