Богојески: Само помрачени умови болни за власт организираат протест на Цветници

од Nikola Popovski

„Само помрачени умови болни за власт, организираат протести на ваков ден како Цветници“, вака лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески го коментира денешниот протест пред Владата, на кој ќе присуствува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес е Цветници. Секој Христијанин прославува низ молитва и причест воскресение Лазарово, најголемото чудо на Господа и влез негов во Светиот град! Само помрачени умови болни за власт, злоставуваат народ на ваков Божји ден, за да го спасат бегалецот од апсење! Срам! Срам! Срам!“, објави Богојески.

По повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија денеска во 11 часот организираат протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“. Протестот ќе почне пред Владата, е ќе заврши пред Собранието.

Протестот е поддржан од неколку опозициски партии и здруженија, меѓу кои и од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини