Боки 13: Едвај го чекам први јули да ги пријавам сите сторители на кривични дела

од Берта Китинска

Со крената глава на која носеше визир, Бојан Јовановски – Боки 13 денеска ја слушна пресудата на судијката Васка Николовска Масевска во салата на Врховниот суд.

Откако јавно беше соопштена пресудата за случајот „Рекет“ Јовановски доби збор, но му беше посочено од страна на судијката дека може да зборува само за  мерката притвор.

“Јас овој ден ќе го прогласам како ден на политичката кампања во Македонија и донесовте политичка пресуда. Се работи не за обелување на правосудниот систем туку преку мојот притвор се покажа илиус или несврзани садови или сплеткани црева.Нема да се дадам во бегство, едвај го чекам први јули, едвај чекам да отидам во јавното обвинителство овие денови да ги пријавам сите сторители на кривични дела во оваа земја,“изјави Јовановски.

На 1 јули ќе стартува судењето за „Меѓународен сојуз“, во кој првообвинет е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и пратеничката Фросина Ременски.

Слични содржини