Боки 13 кон судот: Не си играјте со мојот живот, не сум експериментално глувче

од Vladimir Zorba

Првообвинетиот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски кажа дека не му била подобрена состојбата и дека повеќе немало да оди на дополнителни испитувања.

„Јас сум 55 пати до сега на доктор, има конкретни упатства. Органот кој ми е опфатен е пред малигнитет. Има сепцијалистички и субспецијалистички наоди како да се постапува со мене, не се постапува, се чувствувам дискриминиран“, рече Јовановски.

Судијката кажа дека се што до сега било побарано од него, судот дал дозвола, за што првообвинетиот рече дека е бескрајно благодарен.

„Ве молам не си играјте со мојот живот, не сум експериментално глувче“, додаде Јовановски.

А.Т.

Слични содржини