Боки 13 поднесе пријави во ОЈО

од Берта Китинска

Бојан Јовановски – Боки 13 претпладнево дојде во Основното јавно обвинителство Скопје за да поднесе пријави на записник.

– Основниот суд достави писмено известување до Основното јавно обвинителство Скопје дека осуденото лице побарало и дека Судот ќе му даде дозвола да дојде во ОЈО Скопје за да даде исказ, велат за МИА од Јавното обвинителство.

Јовановски минатата недела за случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби казна затвор од седум години.

Слични содржини