Боки 13 снимен како влегува кај Јанева, Кичеец во Влада

од Vladimir Zorba

На денешното рочиште за предметот „Рекет“ обвинителството ги презентира снимките од тајното следење на обвинетиот Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Снимките се направени по наредба од обвинителката Вилма Русковска за период од крајот јуни и почеток на јули минатата година.

На снимките се гледаат движењета и средбите на Зоран Милевски и Бојан Јовановски во Скопје и Охрид.

Според извештајот од тајното следење, Јовановски го посетил домот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, додека пак Зоран Милевски Кичеец е снимен како влегува во зградата на Владата.

Одбраната, како и обвинетата Јанева и Јовановски, во текот на презентацијта побараа обвинителката Рускоска да ги појаснува видеата.

„Многу е несериозно обвинителката во ваков предмет да доаѓа на судење неподготвена“, рече Јовановски.

По паузата, Рускоска продолжи да ги презентира останатите докази на обвинителството.

И.Р.

Слични содржини